Еден Индиец се освестил за време на подготовките за сопствен погреб, пишува локалниот весник „Самајам“.
Инцидентот се случил во областа Читур. Мажот бил пронајден во несвест под дрво во едно од локалните села и останал во таа состојба два дена.
Жителите ги известиле надлежните органи кои дошле и го прегледале човекот, по што го прогласиле за мртов.
Човекот требало да биде погребан надвор од селото, но за време на подготовките за церемонијата се освестил и седна. Тој бил пренесен во блиската болница, но починал следниот ден.
Локалната полиција го истражува случајот.