Во 05:00 часот на излез од Граничниот премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“, 21-годишниот Х.А. од Р Албанија приложило фалсификувана грчка лична карта.

По извршениот преглед, кај него пронајдена била албанска лична карта на негово име. Х.А. бил приведен поради сомнение за фалсификувана грчка лична карта и бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Исто така вчера во 11:00 часот од Граничниот премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“ се пријавило да патува лицето М.Б. (24) со грчка лична карта.

По извршената проверка, било утврдено дека неговото вистинско име е Е.Л.(26) од Р Албанија, а за грчката лична карта изјавил дека била фалсификувана и дека ја имал купено од непознато лице во Албанија за сума од 1.000 евра. Е.Л.е приведен.