Во критична состојба се двете малолетни деца кои вечерва беа прегазени во Охрид и се пренесени во болница, јавува порталот Охрид1.

Како што пишува порталот, станува збор за две братчиња на возраст од 8 и 12 години.

Во моментот на несреќата тие се враќале дома од бербер.

Сообраќајната полиција сѐ уште врши увид, а улицата е затворена за сообраќај.