Рутински одиграа Шпанците во текот на натпреварот на гостувањето со Норвешка. Водеа со 0:1 и кога се чинеше дека се чека само последниот свиреж на судијата, една малку несмасна интервенција на шпанскиот голман доведе до пенал кој Норвежаните го реализираа.

Ова е прв нерешен резултат на Шпанија по шест победи во групата Ф. Норвешка со овој бод останува на четвртото место со 10 бодови, но со зачувани шанси во последните три кола да направи чудо и да го надомести заостатокот од четири бода зад второпласираната Шведска која лесно со 4:0 ја победи Малта во Валета.

Најголемот  изненадување сепак го приреди Лихтенштајн со нерешениот резултат на свој терен против добрата екипа на Ерменија.

Ерменците поведоа во 19 минута со голот на Баргесјан, а Лихтенштајн изразмни во 72 минута со гол на Фрик. Тоа беше и конечен резултат на натпреварот.

Ова е катастрофален резултат за Ерменија со оглед на тоа што со победа се изедначуваше со бодови со Финска и драстично ги зголемуваше своите шанси за второто место во групата и пласман на ЕУРО 2020. Овие два загубени бода од Лихтенштајна, може да ја чинат Ерменија историски успех.

Во последниот натпревар вечерва, Италија ја победи Грција со 2:0.