Две лица загинаа денеска во експлозија на автомобил на мостот што ги поврзува САД и Канада, во близина на Нијагарините водопади, јавија американските медиуми.
Станува збор за луѓе кои биле во возилото, а медиумите јавуваат дека се работи за двајца мажи.
Автомобилот доаѓал од канадската страна на границата и експлодирал по првиот контролен пункт на мостот „Реинбоу“, јави Си-Ен-Ен.
Канадскиот премиер Џастин Трудо нагласи дека денешната експлозија на возило на канадско-американскиот граничен премин во близина на Нијагарините водопади претставува „многу сериозна ситуација“.
„Ова е очигледно многу сериозна ситуација кај Нијагарините водопади. Имаше експлозија на возило на мостот Реинбоу“, изјави тој пред Долниот дом.