Две лица загинале во невремето во Загреб

/ 19.07.2023

Силно невреме попладнево ја погоди Хрватска. Силниот ветер и обилниот дожд направија хаос во Загреб.

Разорниот ветер носеше сѐ пред себе, а силниот дожд ги поплави улиците. Штетата е огромна. Две лица загинаа.

Поради невремето што околу 16 часот го зафати Загреб, итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени лица, а само пожарникарите имале 50 интервенции. „Окружниот центар 112 Загреб има потешкотии во комуникацијата со итните и комуналните служби поради големиот број повици за кратко време (над 700 повици за 45 минути)“, објави Дирекцијата за цивилна заштита на Твитер.

Во големото невреме што го зафати Загреб околу 16 часот, загинаа двајца мажи, а повредени се повеќе лица, потврди за агенцијата Хина Љупка Хитрова од Институтот за обука на Итна медицинска помош на Град Загреб.

„Имаме двајца мажи кои загинаа како последица од паѓање на дрва. Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова. Таа додаде дека во Институтот се прават спецификации, но дека има голем број повредени во целиот град, а некои се многу тешко повредени, објави хрватски Индекс.


Од истата категорија