Главниот град на Либан, Бејрут го погодија две силни експлозии. Од снимките објавени на Твитер се гледа разораа експлозија од пристаништето. Експлозијата се случила во близина на куќата на поранешниот либански премиер Саад ал-Харири, јави агенцијата Андолија.
Оштетена и куќата на Харири и уште неколку околни објекти. Од експлозијата е оштетена и зградата на Владата. Премиерот не е повреден и ги следи настаните и излезен е на терен со екипите за спасување.
Силната експлозија се слушна ширум градот, а стаклата на прозорците на зградите и дуќаните попукале, а темен чад се надвил над градот. Се верува дека има повредени затрупани под урнатините.
До експлозијата дошло во пристанишниот дел од градот и тоа на денешен ден кога трибуналот на ОН требаше да донесе пресуда на четворицата обвинети за убиство со автомобил – бомба на премиерот на премиерот на Либан Рафик Харири во 2005 година.
Либанскиот министер за здравство рече дека има многу повредени. Се уште нема податоци за евентуалните жртви. По социјалните мрежи се зборува за десетина мртви Се уште не е позната причината за разорната експлозија. Според очевидците, најпрвин се појавил густ чад и пожар, а по неколку секунди уследиле две последователни силни експлозии. од силината на експлозијата попукале сите стакла на околните згради, пристанишната конструкција се срушила во истиот момент, а неколку автомобили паркирани на пристаништето одлетале во вис.
Во моментот, пожарникарските екипи се на лице место, но не успеваат да го спречат пожарот. Веќе е јасно дека целото пристаниште е тотално уништено. Местото околу пристаништето е опколено од полиција и не се дозволува пристап освен на спасувачките екипи.
Сите болници се отврени и веќе се примаат и повредените кои се нашле на местото во моментот на експлозијата.