Од Диселдорф за Newsroom, средбата Вучиќ-Шолц ја анализирал новинарот на Дојче Веле, Сречко Матиќ, а анализата ја пренесува хрватската редакција на Н1. Во анализата, Матиќ зборува и за гермнаските пензии, како и за сценаријата доколку Германија остане без руски гас.

Тој вели дека има повеќе сценарија од најцрните кои вклучуваат: колапс на економската активност, зголемена масовна невработеност и невидена рецесија, најлоша од Втората светска војна.

Има и позитивни варијанти кои велат дека би имало проблеми година-две, но дека би се пронашле алтернативни патишта за снабдување и би се користеле обновливи извори на енергија.

На крајот зборуваше и за германските пензии.

„Стандардната пензија во Германија е околу 1.500 до 1.600 евра, но стандардната пензија не значи ништо, тоа значи дека некој што работел 45 години може да смета на тој просек, но денес никој не работи 45 години и затоа во пракса фактичката пензиите се многу помали. Приближно една третина од Германците добиваат помалку од 1.300 евра, што е многу, многу малку за пристоен живот. Многу луѓе добиваат помалку од 1.000 евра иако работеле цел живот. Сиромаштијата во Германија е голем проблем, поради што луѓето мора да работат во пензија“.