Двегодишно момче од Индонезија пуши по 40 цигари дневно и станува агресивно ако некој не му даде цигара.
Рапи Ананда Памунгкас почнал да ги зема догорчињата од мајка му, а постарите деца му ги палеле за да се забавуваат гледајќи го како пуши. Малиот брзо станал зависен, а неговите родители сметале дека тоа е смешно па почнале да му купуваат цигари, кои му ги даваат со кафе.
Сепак ситуацијата станува сериозна, а детето покажува знаци на зависност.
„Мојот Рапи навикна да пуши додека пие кафе и јаде торта. Сега веќе два месеци пуши по две кутии дневно. Ако не му дадам цигара, едноставно полудува“, вели 35-годишната мајка МАријати.
Тој без цигара не може да заспие, само вика и плаче. Цигарите се скапи, но мора да му ги купиме затоа шѕо пуши по цел ден, додава таа.
Ни татко му не може да му одбие кога малиот ќе побара цигара.
„Не можам да му кажам не. Дури ни ја не пушам дома, само на работа, но Рапи сака да пие кафе и да пуши цигара, вели таткото, кој сепак се сложува дека дошло време да постета лекар и да го одвикнат детето со стручна помош.