ВМРО ДПМНЕ, поддржана од Левица, поднесе интерпелација против Џафери бидејќи се обратил на албански јазик во Европскиот парламент, а службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот.

Очекувано, Џафери ја врати интерпалацијата бидејќи во нејзе не било името со Северна.

Денеска „Левица“ најави дека ќе го тужи претседателот на Собранието, Талат Џафери за злоупотреба на службената положба. Основа за тужбата според нив е одговорот што Џафери им го доставил на пратениците од опозицијата по доставената интерпелација против него.

Според Борислав Крмов, целта на Џафери е да избегне соочување со пратениците.