Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими собранискиот спикер Талат Џафери, при што размениле мислења за севкупните состојби во државата и очекувањата за следната година.
Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски и Џафери на средбата разговарале и за претстојните активности во процесот на формирање и функционирање на преодната Влада, за спроведување на предвремените парламентарни избори, односно за обврските на двете институции во тој процес.
– Пендаровски и Џафери се согласија дека во годината кога очекуваме заокружување на полноправното членство во НАТО и одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, потврда за демократскиот капацитет на С. Македонија треба да биде спроведувањето на предвремените парламентарни избори во април 2020 година во фер и демократска атмосфера, стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски.