Од опозицијата во Собранието обвинуваат дека додека во туѓи парламенти и агенди Македонија измиантиве 10 дена е топ тема, во македонскиот парламент се уште се молчи за францускиот предлог и разговорите со Софија.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара на пленарна седница да се отвори прашањето за разговорите со Софија и преговарачката рамка со ЕУ, но собранискиот спикер Џаферитаквиот предлог не го стави на изјаснување.
Во меѓувреме, пратениците од власта се воздржаа од коментари на оваа тема. Од партиското седиште порачаа дека разговорите со Софија, Владата ги води на принципиелна основа.
Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНе денеска обвини дека тим на МНР тајно преговара во Софија.
Од друга страна, по повеќе од еден месец Џафери закажа седница за негова интерпелација која ја побара ВМРО-ДПМНЕ поради снимките за наводно недолично однесување на спикерот кон вработени и заклучувањето на вратата од салата на пратениците од опозицијата.