Талат Џафери претседател на Собранието и кандидат за премиер на техничката влада во емисијата 24 анализа рече дека неговата кандидатура за премиер на техничката влада е одлука на партиските органи според сите анализи.
– Според тие анализи решиле едногласно, имајќи предвид дека и по функција и физички не сум бил во државата, одлучено е нвминацијата да биде моето име. Нема случајност во нештата, секако дека се имало комуникација и размислување и лидерот на ДУИ направи консултации по однос на ова прашање. Добро би било да се имало повеќе имиња. Не ја исклучувам и таа можност. Одлуката е на партиските органи. Законот за влада е едно, тоа е политички договор со формулација на политички договор во Пржинскиот процес. Сум укажувал дека има проблем формулацијата во законот во контест на Уставот. Договорот се применува за изборите 2016 и последователно сите избори без разлика дали се редовни или предвремени. Нема никаков проблем јас да бидам кандидат за премиер на техничката влада – рече Џафери.