Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, во денешното интевју за Report Tv во Тирана, каде од денеска е во работна посета, зборуваше околу актуелни прашања за регионот, светот и Република Македонија.
Премиерот Џафери, ја истакна одговорноста што ја има Владата што ја предводи согласно Уставот, како и за организирањето на претстојните избори.
„Поради тоа што сме во изборна година на претседателски избори во април-мај оваа година, дополнителна задача е Владата да ги организира и да се подготват предусловите изборите да бидат слободни, фер и демократски. Уставот на Република … Македонија не го признава техничкиот термин „привремен“, а инаку Уставот ја признава Владата на Република … Македонија со сите овластувања што ги има“, рече премиерот Џафери.
Претседателот на Владата, Џафери, на прашањето за чувството како прв премиер Албанец во Владата на Република Македонија, го истакна чувството на одговорност кон државата.
„Јас сум првиот претседател на Собранието, а моментално прв претседател на Владата на Република … Македонија, со тоа што и претходно сум го истакнал чувството на одговорност за предизвиците што произлегуваат од обврските и задачите што премиерот ги има со раководењето на државата“, одговори премиерот Џафери.
Во интервјуто, премиерот Џафери, беше запрашан и „кога ќе дојде времето за претседател на државата“, пришто тој изрази очекување дека ќе се случи промена на перцепцијата околу етничката припадност, давајки значење на презентирањето на граѓаните и на земјата воопшто.