Ако и понатаму има условувања и блокади од опозицијата во Собранието, спикерот Талат Џафери не ја исклучува можноста повторно ковид позитивни пратеници да дојдат на гласање во скафандери. За вчерашната седница која предизвика многу реакции во јавноста на прес-конференција објасни дека бил приморан да се повика на дополнителниот Протокол кој уште лани бил одобрен од Комисијата за заразни болести и лично од Караџовски.

Џафери додаде и дека никој не бил загрозен.

На прашање за дилемите дали пратениците се привилегирани за разлика од другите граѓани Џафери смета народните избраници може да работат и во вонредна и во воена состојба.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија кривични пријави за сите инволвирани во вчерашните случувања, додека за СДСМ протоколите се испочитувани и ничие здравје не е загрозено.

Бисера Костадиновска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ се двајцата пратеници кои во скафандери влегоа во посебни кабини во Собрание за кворум за 32. Седница и гласање на 36. седница, на која заедно со опозициските пратеници со 115 гласа „за“ ги донесоа економските закони за помош на граѓаните и стопанството.