Членот на ЦО на СДСМ, Аднан Џафероски, синоќа на неговиот фејсбук профил даваше загрижувачки коментари за синоќешниот партиски состанок на СДСМ на Бихаќка.
Според неговите статуси, очигледно е дека во СДСМ врие.
„ВЕЧЕРВА ВО СЕДИШТЕТО НА СДСМ ИМА ПОВЕЌЕ НАСИЛНИЦИ И КРИМИНАЛЦИ ОД ЧЛЕНОВИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР. ФИЈАСКО НА КРИМИНАЛНОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ ПРЕДВОДЕНО ОД КОВАЧЕВСКИ, ЗЕЌЕВИЌ И СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА“
„Криминалното јадро на СДСМ пробува да остане до Септември на чело на Партијата…
Просториите на СДСМ на Бихаќка запоседнати од насилници ангажирани од Ковачевски и Зечевиќ….“
„КРИМИНАЛЕЦОТ Зечевиќ наместо да организира насилие со своите КЛОШАРИ за задржување на позицијата, подобро е да даде објаснување пред членството колку пари наследи, како се потрошени тие пари и зошто пред две недели ја задолжи Партијата за нови 1.6 милиони евра..!?
Партијата немаше никакви долгови и кредити..“ се дел од статусите што тој ги објави