Турскиот актер Џан Јаман, кој за кратко време ги освои срцата на дамите ширум светот, од неодамна е во врска со италијанската водителка Дилета Леота. Од друга страна, таа беше поврзувана и со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.
Последната објава на актерот ги реши сите дилеми. „Опасна двојка“, напиша Џан под сликата со Дилета на својот Инстаграм профил. Интересен детаљ кој го привлече вниманието е тоа што тој ја исклучи можноста за коментири под фотографијата.
И покрај објавата на Џан „опасна двојка“ со Дилета, во јавноста се уште преовладува мислењето „иделана двојка“ со Демет Оздемир, позната како Санем од турската серија „Романтичарот“, што најдобро може да се види по безбројните фан страници на овој пар на Инстаграм.
Со новата објава на Инстаграм, се претпоставува дека на овој начин се става крај на приказната за нејзината афера со Златан Ибрахимовиќ, која започна пред неколку месеци по нивната соработка во рекламна кампања.
Колку што е познато, гласините не ја загрозија долгогодишната врска помеѓу Ибрахимовиќ и Хелен Сегер, со која фудбалерот има и два сина.