Ѕвездата на Бостон селтикс, Џејлен Браун, закрепна од повредата. Браун учествуваше ноќеска на натпреварот против Хјустон (108:90).
Џејлен беше дел од почетната петорка на домаќинот и за 23 минути постигна 19 поени (6 од 13 од поле) и три скока. Браун дојде до натпреварот како лидер на Бостон во однос на постигнување просечни 26,5 поени по натпревар.
Претходно, Браун ги пропушти последните осум натпревари на Селтикс во НБА-лигата
поради повреда на тетивата на десната нога.