Фудбалерот на Лестер Џејми Варди го информираше селекторот Герет Саутгејт дека се повлекува од националниот тим.
Напаѓачот на „Лисиците” кој во јануари ќе наполни 32. години, сака повеќе време да му посвети на своето семејство.
Една од причините за заминувањето на Џејми Варди е секако и минутажата во дресот на англиската репрезентација, тој 26. пати настапуваше за „Гордиот Албион”, но воглавно беше во сенка на конкурентите.
Ваквата одлука ја донел веднаш после завршувањето на Светското првенство во Русија каде што неговата селекција го освои четвртото место.
Варди му порачал на Саутгејт дека би прифатил покана во случај ако има проблеми во одбирањето на напаѓачите, како и при суспензии и повреди.