Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња летово си замина од Кливленд кавалис и се пресели во Калифорнија, а Лејкерс со него планираат повторно да се вратат во врвот на НБА лигата.
– Ги знаете моите шампионски навики. Но, тоа само по себе не носи и шампионска титула. Потребна е напорна работа и посветеност, а тоа го очекувам и од моите соиграчи. Нормално е да има и падови и искачувања, тие нешта ми се добро познати, истакна кошаркарот.
Џејмс е освојувач на три шампионски прстени, а за него ова ќе биде прва сезона во кариерата да настапува за тим од Западната конференција. Досега освен за Кливленд настапуваше и за Мајами хит.