Џенифер Лопез и официјално ги доставила документите за развод од сопругот, мегапопуларниот актер Бен Афлек. Според медиумите сега почнува борбата за поделба на огромното богатсво, тие немале предбрачен договор.
Откако Џенифер Лопез поднесе барање за развод од Бен Афлек во вторникот, Дејли Мејл ги разгледа финансиските последици од нивното разделување, при што нивното заедничко богатство се проценува на 640 милиони долари.
Официјалното поднесување на барањето за развод вчера, уследи по неколкумесечни шпекулации дека Бен и Џенифер имаа проблеми во бракот и се разведуваат. Нивните брачни проблеми доминираа на насловните страници во Холивуд во последните месеци.
Лопез поднела документи за развод за да го прекине бракот со три години постариот Афлек без адвокат во Врховниот суд на округот Лос Анџелес во вторникот, објави ТМЗ, додавајќи дека изворите велат дека „немало предбрачен договор“ меѓу парот и дека Лопез не го спомнала тоа во правниот документи.
Џеј Ло го навела 26 април 2024 година како датум на разделба во судските документи, денот кога тие ја„славеа“ двегодишнината од нивната венчавка на имотот на Афлек во близина на Савана, Џорџија, на 20 август 2022 година.
Отсуството на предбрачен договор покажува дека заработката на ѕвездите во текот на нивните две години заедно ќе се класифицира како „имот на заедницата“, објави ТМЗ.
Една од главните работи на кои парот ќе мора да се реши е домот вреден 60,85 милиони долари во Беверли Хилс, Калифорнија, кој го купија минатата година.
Бен и Џенифер во јуни годинава супер луксузната вила кој има 12 спални соби и 24 бањи ја дале на оглас за продавање по цена од 65 милиони долари, но оваа понуда за кратко ја повлекла за да ја реновираат вилата и повторно да ја понудат на продажба но сега по цена 68 милиони долари.
Афлек се иселил од својот дом во Беверли Хилс и оттогаш живее во огромна куќа во Пацифик Палисадес која ја купил за 20,5 милиони долари.
Лопез и Афлек се запознаа на снимање филм во 2003 година и планираа да се венчаат, но ја раскинаа свршувачката следната година, а се венчаа скоро 20 години подоцна. Афлек во меѓувреме беше в брак со глумицата Џенифер Гарнер со која има три деца, а за Лопез ова беше четврти брак. Од бракот со пејачот Марк Антони, латиноамериканската пејачка има две деца.