Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез е „уловена“ во економска класа на лет за Париз во лежерен џемпер.
Џенифер Лопез направи се за да не го привлече вниманието на себе бидејќи беше забележана како лета со авион од економска класа во текот на викендот.
Музичката ѕвезда, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, докажа дека е сè уште е „Џени од гетото“ кога се смести на лет од Неапол до Париз од 2 часа и 20 минути.
Сликите до кои дојде Дејли Мејл ја покажуваат 54-годишната пејачка лежерно облечена додека седи покрај прозорецот на летот на AirFrance – каде цените започнуваат од 134 евра (115 фунти/136 долари).