Славниот холивудски актер Џон Малкович, синоќа, на свечена вечера, во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други.
Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа брилјантна беседа за Малкович.
Сакам, прогласувајќи ве за Doctor Honoris Causa, да ве прогласам за Син на Вечноста во Минатото кое никогаш не минува и Иднината која никогаш не завршува!, рече меѓу другото во својата беседа, Јордан Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме.