Џони Деп допрва треба да се врати „на голема врата“ во Холивуд по неговата судска победа против Амбер Харт оваа година, но тој веќе добива голема поддршка од американскиот џет-сет.
Ријана, меѓу другите познати личности, ја повика и ѕвездата на „Пирати од Карибите“ на модна ревија на брендот „Севеџ Екс Фенти, 4. дел“. Облечен во еден од најновите лежерни стилови на Ријана, глумецот на камерата ѝ даде и неколку насмевки, се чини, знаејќи дека овој настан е голема работа.
На крајот на краиштата, и да се има Ријана на негова страна – и самата жртва на насилство од партнерот, е прилично голема работа.
Секако, и обожавателите на Деп се одушевени од овој ангажман на глумецот.