Џони Деп бил пронајден без свест во својата хотелска соба во Будимпешта. Ваквата вест доаѓа откако неговиот бенд „Hollywood Vampires“ во последен момент го откажа настапот во овој град. Според полицискиот извештај, Џони бил толку онесвестен што морале да побараат лекарска помош.
Салата била преполна со луѓе и многу фанови поминале стотици километри за да го проследат настапот на бендот, но Деп наводно бил во толку лоша состојба што дури не можел ни да стигне до сцената.
Сè беше подготвено, сцената беше поставена, екипата зад сцената беше спремна за забава. Никој не мислеше дека би можело да има проблеми, порачал организаторот.
Наводно славниот актер бил премногу возбуден што се онесвестил. Иако бројни фанови биле изненадени од ситуацијата и се грижат за неговата здравствена состојба, некои од нив сметаат дека Деп пред настапот испил премногу алкохол. Имено, поединци го забележале Џони неколку часа пред почетокот на концертот како пие на улица.
За потсетување, ова не е првпат бендот „Hollywood Vampires“ да се соочува со здравствени проблеми на славниот актер. Тие во јуни мораа да откажат неколку настапи бидејќи тој ја повреди својата нога. Сепак, планираат да ја завршат турнејата до крајот на месецот.