Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа изјави дека постои голема можност Велика Британија да не постигне трговски договор со ЕУ по Брегзит.
Премиерот изјави дека компаниите и јавноста сега треба да се подготват за таков исход, иако неговиот тим ќе продолжи со разговорите со ЕУ.
„Гардијан“ пренесе дека премиерот предупредува дека преговорите се уште ја немаат достигнато посакуваната точка.
Џонсон изјавата ја даде по неговата средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што не вроди со плод.