Американската компанија Џонсон и Џонсон знала со децении за постоење траги на азбест во нејзина бебешка пудра. Тоа е објавено во тек на судски процес и според документите опасната пудра може да биде причина за појава на рак на јајниците.
Компанијата се обидува да ги оспори тие тврдења пред суд.
Заради обвиненијата, акциите на Џонсон и Џонсон се урнаа во најголем пад за еден ден од 2002 година.
Вчера тие загубија 14,84 долари или 10 отсто од вредноста и се на ниво од 133 долари по крајот на работниот ден. Компанијата бележи загуби од 19,8 милијарди долари за еден ден.