Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе го објави својот долгоочекуван план за реформа на социјалната помош. Меѓутоа, исто така, се очекува да биде најавено и зголемување на даноците во износ од 10 милијарди фунти или 14 милијарди долари, јави Блумберг.

Ваквата одлука би значела влегување во конфликт со сопствената Конзервативна партија, во чија програма од последните избори во 2019 година се промовираше токму спротивното.  Во документот јасно се наведува на првата страница: „нема да го зголемиме износот на даноците за приход, ДДВ и осигурувањата“. Сепак, според експертите, планираните промени во социјалната помош, како и акумулираните трошоци за управување со корона-кризата ќе предизвикаат најмалку едноцифрено зголемување на тие даноци, посочува Блумберг.