Британскиот премиер Борис Џонсон закажа седница на Кабинетот за попладнево на која може да побара од пратениците да гласаат за распишување избори доколку гласаат против неговата влада заради Брегзит, изјави политичкиот уредник на Би-Би-Си, Лора Кунсберг.
– Владината седница е закажана за попладне. Реалната можност сега е дека Џонсон би можел да го одложи предлогот и да ги замоли пратениците да гласаат за избори оваа недела. Ова ќе се случи ако опозицијата усвои закон, секако не ако изгубат, рече таа.
Портпаролот на Борис Џонсон претходно денеска изјави дека би било целосно неразумно британските пратеници да ја отфрлат „раката“ на премиерот, додека тој се обидува да преговара за нов договор со ЕУ.
Опозициските партии и пратениците на Конзервативната партија кои не се согласуваат со политиките на Џонсон имаат намера да ја принудат владата да побара од Брисел да го продолжи рокот за Брегзит, откако пратениците ќе се вратат од одмор на 3 септември.
Портпаролот додаде и дека премиерот работел со голема посветеност да обезбеди договор со ЕУ.