Судскиот совет во Лондонскиот Виш суд денеска го отфрли обидот за поведување случај против Борис Џонсон поради изречени лаги за Брегзит.
Џонсон важи за фаворит меѓу кандидатите за наследник на Тереза Меј за премиерската функција.
Судија од Вестминстер минатиот месец изјави дека Џонсон треба да се појави пред судот под обвинение дека лажел за Брегзит, велејќи дека Велика Британија ќе има дополнителни 350 милиони фунти неделно ако е надвор од ЕУ.
Бројот 350, поставен на автобус, беше централен дел од кампањата во корист на напуштање на ЕУ пред референдумот за Брегзит во 2016 година.
Противниците на Џонсон тврдат дека тоа било намерна грешка, а 350 стана симбол на општествените поделби предизвикани од референдумот за излегување од ЕУ.