Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека нема причина вакцините не се ефикасни против новите видови против Ковид-19.

– Во моментот немаме причина да мислиме дека нашите вакцини се неефикасни против новите варијанти на сите видови, посочи Џонсон.

Претходно британските здравствени претставници објавија дека се идентификувани шест случаи на позаразен вид на коронавирусот, што првпат е откриен во бразилскиот град Манауса.

Според научниците овој вид полесно се пренесува и можно е да е поотпорен на постоечките вакцини.