Пратениците од британската Конзервативна партија денеска изгласаа доверба за нивниот лидер Борис Џонсон, јави Би-Би-Си.

Вкупно 211 пратеници гласаа Џонсон да остане на чело на партијата. Против беа 148 пратеници.

За заминувањето на Џонсон беа потребни гласовите на мнозинството пратеници од конзервативците, 180. Доколку тоа се случеше, ќе следуваа избори за ново партиско раководство, а тоа ќе значеше и смена од премиерската функција