Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија, како и што е предвидено, на 29 март, откако Лондон и Брисел ќе постигнат договор во „пет до 12“, изјави денеска поранешниот шеф на британската дипломатија и еден од најтврдокорните поддржувачи на Брегзит, Борис Џонсон.
Осврнувајќи се на денешното гласање во британскиот Парламент за усвојување на одлука за Брегзит без договор, Џонсон изјави дека таа опција ќе остане во игра дури и да не добие поддршка од пратениците.
– Можно е Парламентот симболично да гласа дека не сака договор, по што Обединетото Кралство, врз основа на Закон, ќе ја напушти ЕУ на 29 март, изјави Џонсон за радиото Ел-Би-Си.