Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе потроши милијарди фунти за да ја спаси економијата и предупреди дека земјата наскоро ќе се соочи со „грмежи од економски последици“ на коронавирусот.
– Ако Ковид-19 е гром, ни доаѓаат грмотевици од економски последици. Ние ќе бидеме подготвени, напиша Џоонсон на Твитер.
Тој додаде дека сака Велика Британија да изгради пат кон здравјето, јави Би-Би-Си.
Претходно, во интервју за „Мејл он сандеј“, Џонсон го повтори своето предизборно ветување дека ќе се градат нови училишта, болници и домови, дека ќе се завршат инфраструктурните проекти и ќе се создадат работни места за оние чии места повеќе не постојат.