Повеќе од 1,3 милиони луѓе се вакцинирани против коронавирус во Велика Британија, соопшти вечерва премиерот Борис Џонсон.
– До попладнево, 1,1 милиони се вакцинирани во Англија и повеќе од 1,3 милиони во цела Велика Британија, рече Џонсон на прес-конференција.
Тој дополни дека повеќе од 650.000 граѓани над 80 години се веќе вакцинирани, што е 23 отсто од сите граѓани на таа возраст во Англија.