Тврдењата дека Џорџ Мајкл починал од природна смрт, бившиот дечко на Џорџ Мајкл открива дека поп ѕвездата на 25 декември самиот си го одземал животот.
Џорџ Мајкл починал во својот дом во 54-та година од животот, на Божиќ по Грегоријанскиот календар 2016 година. Британската полиција веднаш соопштила дека смрта не дошла под никакви сомнителни околности, а во март 2017 соопштено е дека познатиот пејач во својот дом починал поради срцеви проблеми и масен-дегенеративен црн дроб.
Меѓутоа, во електронските пораки кои наводно се доставени до британскиот магазин “Сан”, Фади Фаваз, бившиот дечко на Џорџ со кого четири години бил во врска – тврди дека пејачот починал на Бадникова вечер после петиот обид да си го одземе животот.
„Уморен сум од луѓето кои ме прашуваат што се случи тој Божиќ. Па да ви кажам… Џорџ почина на денот на роденденот на својата мајка, и тоа може да биде одговорот. Да не споменувам дека пет пати се обидуваше да си го одземе животот. Мислам дека сето тоа е важно да се знае”, рекол Фади за новинарите.
Мајката на Џорџ, Лесли Харисон е родена на 24 декември 1938, а починала од рак 1997 година. Наводните е-мејл пораки на Фади, кои ги проследил на британските медиуми, откриваат дека Мајкл кога го пронашле веќе 24 часа бил починат. Фади го пронашол неговото тело утрото на Божиќ.