Младиот бек на Лос Анџелес Лејкерс, Џош Харт воодушевен од вештините на Леброн Џејмс.
Клубскиот колега на 33-годишната супер ѕвезда на светската кошарка по играта на „Кралот“ против Мајами – 51 поен, 8 скока и 3 асистенции во победата со 113:97 над Мајами, напиша на Твитер: „Создаден во лабораторија“.
Дваесетитригодишниот кошаркар ја игра втората година како професионалец и има просек од 11.1 поени, 3.9 скока, 1.3 асистенции и 1.4 украдени топки и не испуштил ниту еден од натпреварите на својот тим во сезоната 2018/2019