Државниот завод за ревизија детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата при ревизијата на финанссиките извештаи на Државното правобранителство на Република Македонија, меѓу кои е лоцирана:
-неусогласеност на материјалната и финансиската евиденција во делот на набавната вредност и исправката на вредност на опремата;
-несоодветно евидентирање на долгорочни средства чија набавна вредност е поголема од на подмирување на заеднички трошоци за греење;
– ангажирање на лица по договор на дело за работни места и задачи предвидени со актот за систематизација;
– не е назначен одговорен сметководител;
– недвижниот имот во кој е сместено државното правобранителство за подрачје Тетово не е осигурен од пожари и други непогоди и
– недоследности во процесот на спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки.
Детектирани се и следниве системски слабости:
-недефинирана постапка за оценување на квалитетот и ажурноста на работењето и спроведување на дисциплинска постапка за државните правобранители;
– регулирање на правото на надоместок за одвоен живот на државните правобранители за време на нивниот временски неограничен мандат и
– дефинирање на процесот на авансно плаќање и поврат на трошоците за постапки за извршување
– не е јасно прецизирано кој треба да остварува приходи по основ на награда на членови на одбор на доверители во стечајни постапки во кои Република Македонија
има побарувања, а истата е застапувана од страна на Државното правобранителство, се вели во штотуку објавениот извештај на Државниот завод за ревизија кој детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата на на Државното правобранителство.