Деловните субјекти во градежништвото имаат поповолни очекувања за вкупните порачки, односно договори за градежни работи во четвртиот квартал, во однос на претходниот квартал минатата година, а имаат и очекувања и за зголемување на бројот на вработени.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходниот квартал, а е поповолна и во однос на четвртото тримесечје во 2018 година.
Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и финансиската состојба е поповолна во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.
Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 18,2 отсто, зголемени трошоци за материјали со 17,4 отсто недостиг на обучен кадар со 16,7 отсто и зголемени трошоци за труд со 14,7 отсто.