Намален бројот превезени патници во патниот патнички превоз за 1,3 проценти во првото тримесечје од 2019 година во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 4,1 отсто, додека во приградскиот превоз е намален за 1,7 отсто, во меѓуградскиот превоз за 26,8 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 25,7 отсто.
Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, вкупниот број превезени патници е намален за 7,8 отсто. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,1 отсто, во приградскиот превоз за 4,9 отсто, во меѓуградскиот превоз за 27,4 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,3 отсто.
Во првото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 11,4 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 2,5 отсто, додека во приградскиот превоз е намален за 2,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 24 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 16,6 отсто.
Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, вкупниот број патнички километри е намален за 14,9 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 6,2 отсто, во приградскиот превоз за 2,5 отсто, во меѓуградскиот превоз за 26,4 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 21 отсто.