Скопскиот регион има најголемо учество во бруто домашниот производ во Република Македонија, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци што се однесуваат на 2016 година, најмало учество имаат североисточниот регион со пет отсто.
Бруто домашниот производ во 2016 година вкупно изнесувал 594.795 милиони денари. Во скопскиот регион изнесувал 256.308 милиони денари, во североисточниот 29.655 милиони денари, а во останатите регионо меѓу 42.000 и 65.000 милиони денари.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиотрегион со индекс 143.4, Југоисточниот регион со индекс 119.1, Вардарскиот регион со индекс 105.3. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.