Стапката на невработеност во третото тримесечје од 2024 година е 12.3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на активно население во Македонија е 796.733 лица, од кои вработени се 698.411, а 98.322 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.6, стапката на вработеност 46.1 процент.
Фото. МИА