Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6,3 проценти и изнесува 5.160 живородени деца, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 1,1 процент во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 4.683 лицa, а од нив 17 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 477, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Бројот, пак, на склучените бракови во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1,4 проценти.
Во ова тромесечие, покажуваат податоците на Државниот завод за стастистика, склучени се 3.413 бракови. Разведените бракови во ова тримесечје бележат намалување од 19,4 отсто во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 394 разведени бракови.