Трошоците за вработените во градежништвото при изведување изградба на нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје од 2019 година, бележат раст од 3,2 отсто во однос на претходниот квартал и 10,9 отсто во однос на четвртото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Трошоците за материјали на градежните компании при изградба на вакви објекти се пониски за 1,5 отсто во споредба со третиот квартал и за 2,6 отсто во однос на последниот квартал од минатата година.