Руди Џулијани, шефот на правниот тим на американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека на изборите во САД од 3 ноември постоела организирана кампања и централизиран план за изборна измама. Според него, измамите ги воделе демократите во градовите на чие чело биле во клучните сојузни држави.-Како што траеше нашето истражување, така се покажа дека ова не беа индивидуални измами во една држава. Образецот се повторуваше во многу држави, речиси на ист начин. И секој искусен обвинител ќе сугерира дека имало план што бил раководен од еден центар, “изборите да бидат украдени на различни начини, особено со фокус на големите градови управувани од демократите“. И особено со фокус на големите градови каде што има долга историја на корупција, рече Џулијани.Тој особено ја посочи Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, каде што, како што наведе, „списокот со изборни измами е толку голем што може да ја наполни библиотеката“.-Истото може да се каже и за Детроит, додаде Џулијани.

„Секој од овие градови е управуван од демократите, што значи дека тие можат да се извлечат со што и да направат бидејќи имаат одредено ниво на контрола, и тие сигурно во целост ги контролираат изборните комисии, можат да ги контролираат спроведувањето на законот и за жал имаат некои судии кои се на нивна страна и кои тие ќе дадат смешни и ирационални мислења, само за да им излезат во пресрет“, тврди Џулијани.

Тој, исто така, наведе дека во Пенсилванија по пошта пристигнале 682.770 гласачки ливчиња, за кои „има сведоштва дека не биле проверени во времето кога пристигнале на избирачките места“