Последната мутација на корона вирусот, позната како JN.1 или Џуно, произлезе од сојот омикрон и по само неколку недели стана најдоминантната мутација на овој вирус. Овој вид на ковид е поопасен бидејќи за разлика од другите се шири со невидена брзина.

Новата мутација Џуно брзо стана најдоминантниот вид во светот и тоа за само неколку недели. Од дури 10 видови на ковид, овој е опишан како најзаразен и кој како шумски пожар се шири од едно на друго лице. Сепак, тоа не значи дека е поопасен од другите видови.

Најмногу заразени на Божиќ и Нова Година

Лекарите биле шокирани кога откриле дека за речиси еден месец бројот на заразени со овој вид се зголемил за повеќе од 10 пати. Само 4,3 отсто од луѓето го имале вирусот на 13 декември, а само еден месец подоцна, според податоците од Центарот за контрола на болести во САД, бројот бил поголем од 60 отсто од заразените.

Според нив, постои сомневање дека најмногу луѓе биле заразени за време на божиќните и новогодишните празници. Новиот вид е доминантен и во Велика Британија, каде што сочинува 65 отсто од сите случаи на ковид во земјата.

Што го прави различен

Видот првпат беше откриен во Луксембург во август, пред да се прошири во Велика Британија, САД и други европски земји. Тоа е близок роднина на сојот „Pirola“, формално познат како „BA 2.86“, кој се разликува само за еден протеин.

– Брзиот пораст на инфекциите со варијантата JN.1 во Велика Британија и ширум светот е уште еден потсетник дека пандемијата е далеку од завршена. „Џуно“ е една од варијантите кои досега најмногу го затајуваат имунитетот и најверојатно ќе биде линијата од која ќе се развиваат нови варијанти – вели професорката Лоренс Јанг, вирусолог од Универзитетот во Ворвик.

Јанг рече дека понатамошното мешање во затворен простор и децата кои се враќаат на училиште по божиќниот распуст веројатно ќе го зголемат бројот на случаи во наредните недели. Врз основа на податоците од Министерството за здравство на Обединетото Кралство, научниците минатата недела рекоа дека случаите на корона може да достигнат ново рекордно ниво до средината на јануари.

Варијантата Џуно е дел од актуелната „тројна епидемија“ или тридемија на грип и вирусот RSV што предизвикува настинки низ светот.

Кои се симптомите?

Канцеларијата за национална статистика ги идентификуваше новите симптоми со анализа на податоци за 27.000 заразени лица. Овие симптоми може да варираат, но некои од нив се појавуваат почесто кај пациенти инфицирани со мутација Џуно.

Научниците досега наведоа осум познати симптоми на новиот вид на вирусот:

Воспалено грло
Загушување
Течење на носот
Кашлица
Замор
Главоболка
Болка во мускулите
Треска