И во 2018 година, ѕвездите ги користеа социјалните мрежи за да ја зголемат нивната популарност, да останат во контакт со своите обожаватели и да водат битка за најпопуларна личност со милиони следбеници. Се разбира, овие следбеници беа нападнати со илјадници самокликови (селфија) во борбата за нови претплатници, лајкови и коментари.
За познати личности ова е индикатор не само за слава, туку и за правење пари. Но, кои беа најлајкувани селфија на Инстаграм во 2018 година? За некои, можеби ќе биде изненадување, но најмногу срца добија обичните фотографии.
На прво место Селена Гомес, која за селфито доби 9 милиони лајкови.
Зад Гомес е Кристијано Роналдо. Тој обично споделува семејни фотографии но, најмногу лајкови, поточно 8,8 милиони доби за ова селфи.
Поранешното момче на Селена и актуелен сопруг на Хејли Болдвин, Џастин Бибер, го освои третото место во ова рангирање. Негоата фотографија доби 7 милиони допаѓања, но треба да се забележи дека е далеку од лидерите кои имаат 2 милиони лајкови повеќе од него.
Аријана Гранде доби 6,6 милиони лајка за селфи од бањата.
На листата следат Ријана и Ким Кардашијан, кои собрале 4 милиони допаѓања.
Кајли Џенер собра 3,5 милиони лајка, а жешкото фото на Џеј Ло има „едвај” 2,1 милиони допаѓања.