Во 2024 година, ЕБОР инвестираше ЕУР 151 милиони во земјата
Инвестицијата во зелени проекти е ЕУР 70 милиони, со поддршка на енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија и напори за декарбонизација
Потврдувањето на силното партнерство со локалните ентитети, донаторите и приватниот сектор
Во 2024 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше ЕУР 151 милиони, во 13 проекти во С. Македонија кои помагаат во моделирање на економскиот и одржливиот раст на земјата.
ЕУР 70 милиони се инвестирани за зелени проекти кои се квалификуваат за финансирање, кои ја поддржуваат енергетската ефикасност, обновливата енергија, и напорите за декарбонизација. Овие инвестиции ја одразуваат посветеноста на Банката за зајакнување на транзицијата за позелена и поотпорна и инклузивна економија.
Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за С. Македонија изјави: ,,Навистина е инспиративно да се видат резултатите од имплементирање на зелената транзиција на земјата, зајакнување на инфраструктурата и проширување на финансиските можности за деловниот сектор, но и за поедниците. Овие одредници ја рефлектираат успешната соработка што ја изградивме со локалните партнери, донатори и приватниот сектор, сите насочени кон промовирање на одржлив економски раст. Би сакал да нагласам дека инвестициите во локалните бизниси не се само за економскиот развој, туку и за создавање на можности кои ги охрабруваат луѓето да ја градат нивната иднина дома. Овие инвестиции имаат потенцијал да го забават, па дури и да го запрат, одливот на луѓето кои бараат можности на друго место. На почетокот на 2025 година, останувам оптимист дека овој моментум ќе се задржи, и дека ќе постигнеме и испорачаме резултати кои имаат поголемо влијание, и кои ќе ја поддржуваат земјата преку отклучување на нејзиниот целосен потенцијал.”
Во 2024 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го поддржа економскиот и одржливиот развој на земјата, преку неколку проекти кои имаат значајно влијание.
Највпечатливите проекти вклучуваат поддршка од ЕУР 98,6 милиони на НОМАГАС, за изградба на гасоводната интерконекција со Грција, и два регионални гасоводи, овозможувајќи различни извори на природен гас и насоченост кон безбедност на снабдувањето, намалување на загадувањето на воздухот и емисии на стакленички гасови, преку овозможување на преминување кон почисти горива и забрзување на активностите кои водат кон престанок на користење на јаглен. ЕУР 24,6 милиони беа одобрени на МЕПСО, за зајакнување на мрежата за пренос на електрична енергија во југо-источниот регион на земјата, и овозможување на поврзување на 1,170 MW нови обновливи извори на енергија. Поддршката беше обезбедена преку директно финансирање на локалниот трговец на мало КАМ, преку кредитирање од старана на Банката во износ до ЕУР 6 милиони, за инвестиции во проширување на мрежата и надградба на магацинот- логистичкиот центар, со цел да бидат енергетски поефикасни, но и за поддршка на други оперативни подобрувања. Долгогодишниот клиент на Банката, Макпрогрес беше поддржан преку Програмата за споделување на ризик, преку Шпаркасе банка, во износ од ЕУР 2 милиони, за поддршка на растот на компанијата и за подобрување на поддршката на мулти-дисциплинарниот образовен центар, кој на пазарот на труд обезбедува признати сертификати и акредитирани можности за обука во регионот, каде истото не е достапно.
Банката има поддржано над 1,000 предприемачи, преку различни иницијативи на промоција, како што се настани, конференции и дигитални активности, истовремено пружајќи обука за МСП за набавка во верижниот менаџмент и вештачката интелигенција.
За време на 2024 година, Банката се ангажираше во имплементација на активности финансирани од ЕУ-Програма за структурна реформа – Приоритети за конкурентна политика за Западен Балкан, кои се насочени кон развој и кои имплементираат сеопфатна програма за зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор на Западен Балкан, а со тоа и на поддршката на имплементацијата на Економскиот и инвестицискиот план на Европската Унија, за Западен Балкан.
ЕБОР има инвестирано ЕУР 1,6 милијарди во регионот на Западен Балкан, а има мобилизирано дополнителни ЕУР 500 милиони од други инвеститори, во 116 проекти. Рекордни 62% од вкупните инвестиции беа инвестирани во зелени проекти, и поддршка на енергетската ефикасност, обновлива енергија, и напори за декарбонизација, а 50% од вкупниот број на проекти беше со компонента на родова еднаквост.
Во 2024 година, ЕБОР инвестираше ЕУР 16,6 милијарди во земјите каде што има резидентни канцеларии, што е зголемување за 26% во споредба со претходната година. Во тек на 2024 година, ЕБОР ги доби првите два акционери од суб-сахарска Африка – Бенин и Брегот на слоновата коска, со што бројот на членови на Бордот се зголеми на 76 члена. Банката планира да ги започне активностите во овие земји, кон крајот на оваа година. Во минатата година, се одржаа и претседателски избори во Банката, а Бордот на Гувернери, на Годишното Собрание и Деловниот форум во Ереван, Арменија, повторно ја избра Одил Рено Басо за Претседател на ЕБОР.
До денес, во С. Македонија, ЕБОР има инвестирано ЕУР 2,9 милијади во 197 проекти.
Европска банка за обнова и развој (ЕБОР)