Ед Ширан во четвртокот отсвири акорд од својот хит Thinking Out Loud и отпеа неколку стиха на говорницата за сведоци во федералниот суд на Менхетн за време на судскиот процес, кој треба да утврди дали го класикот на Марвин Геј, Let’s Get it On му е плагијат.
Говорејќи како прв сведок во своја одбрана, британскиот кантавтор го опиша својот процес на пишување на песната за вечна љубов (во 2014 година) набргу откога почнал нова љубовна врска и по смртта на својот дедо.
„Инспирацијата ја црпам од работите во мојот живот и семејството“, рече Ширан кого го тужат наследниците на текстописецот Ед Таунсенд, коавтор на класикот на Геј од 1973 година. Наследниците бараат дел од профитот од Thinking Out Loud.
Ширан рече дека неговата пријателка и соработничка Ејми Веџ почнала да ги компонира акордите на песната за време на посетата на неговиот дом во Англија и дека соработувале на текстот.
На говорницата ја испеа фразата I’m singing out now за која рече дека ја пеел додека ја создавале песната со Веџ. Тој рече дека фразата звучи како: „Размислувам на глас“, што на крајот и стана наслов.
„Кога пишувам вокални мелодии, тоа е како фонетика“, рече Ширан.
Потоа зеде гитара зад говорницата за сведоци, отсвири акорди од песната и го отпеа воведниот стих: When your legs don’t work like they used to.
Судењето се очекува да продолжи в понеделник.