Ед Ширан е едно од најголемите имиња на сегашната светска музичка сцена, а многумина му се восхитуваат на неговиот талент и успехот. Сепак, неодамна посочи дека не бил секогаш толку успешен и дека во училиште бил малтретиран.
Денес има 28 години и четирипати ја доби Греми наградата. Неодамна се ожени со неговата голема љубов од детството Чери Сиброн, но откри дека во животот не му било секогаш сјајно.
Како дете бил низок, со портокалова коса и носел очила. Покрај тоа, пелтечел и често бил мета на потсмев врсниците, но музичарот смета дека токму таа различност го довела до успех.
-Секогаш изгледав чудно, никогаш немав посебна среќа со девојките, зашто им бев чуден. Но, тогаш ќе ја земев гитарата и ќе рекоа „А тоа е оној портокаловиот со малата гитара”, па ме паметеа по тоа, вели пејачот, кому музиката му била излез од многу тешкотии низ кои минувал како дете.
Сега ги охрабрува децата дека е во ред да бидат различни и да се издвојуваат.
-Некогаш плачев кога доаѓав дома од училиште. Мрзев да одам во основно училиште. Работите се сменија кога тргнав во средно и почнав да свирам гитара во бенд. Добив самодоверба, која ми требаше и одеднаш бев посреќен затоа што работев нешто во што бев многу добро, вели Ширан.
Тој исто така се обидел да се занимава со спорт, но едноставно не бил доволно добар.